Search

Го извадиja од гробот, и сега се плашaт од клетвата на фараонот

До 1930 година починаа 22 лица кои учествуваа во отворањето на гробницата на Тутанкамон. Археолозите и членовите на нивните семејства починаа од ужасни болести или чудни несреќи.

Над саркофагот стоел натписот: „Смрт ќе ги снајде сите оние што се мешаат во сонот на фараонот”, но никој не се обѕирал на тоа. Но, шест недели по отворањето на гробот починаа дванаесет луѓе од експедицијата што ја откри гробницата на Тутанкамон во 1922 година, и почна да се шири приказната за проклетството на фараонот.

Стравувањата од смртоносната клетва на фараонот повторно се појавија откако експертите, за првпат по нивното откритие, го поместија саркофагот на Тутанкамон од гробот.

Телото е префрлено во музејот „за првпат да се обнови по откривањето на гробот”, пишува „Сан“.

Саркофагот и вредната колекција од неговиот гроб треба да бидат централен дел од новиот голем египетски музеј што Египет ќе го отвори следната година во близина на пирамидата во Гиза.

Треба да знаете
Последни објави