Search

Го избрав потешкиот пат за да имам дете: Искрено со српската глумица Катарина Радивојевиќ

Српската глумица Катарина Радивојевиќ неодамна во Скопје го промовира својот нов филм „Нечиста крв”. Актерката, која и денес за многумина е Зона Замфирова, за малку ќе задоцнеше на скопската премиера, пишува „Репортер.мк“, кој направи интервју со актерката.

„На граница имаше долга колона, па отидов до полицијата и ги молев да нè пуштат преку ред. Кога ме препознаа, ми рекоа: ‘Зоне не смее да доцни’, па пуштија. Мислам дека никогаш нема да излезам од сенката на оваа улога”, вели Катарина.

Првата улога ја добила на 11 години во серијата „Полицаецот од Петлово Брдо”, каде што ја глумеше ќерката на Љубиша Самарџиќ.

Нејзините родители не биле пресреќни кога им кажала дека сака да биде актерка, ама ја запишале на часови по глума кај професорот Мика Алексиќ, кој неодамна беше обвинет за сексуално малтретирање.

-Тој навистина беше суров, строг во работата, ама јас бев дете и во тоа време мислев дека така треба. Кога слушнав што се случило, не се изненадив. Се гордеам на девојките што собраа храброст и јавно проговорија. Сепак, моето искуство беше поинакво, имаше и убави работи, а и научив многу од него”, се сеќава Катарина на почетоците.

Низ разговорот за „Репортер“ таа се потсети и на снимањето на филмот „Зона Замфирова”, со кој стекна популарност во целата поранешна Југославија. Иако поминаа повеќе од дваесет години, таа со многу емоции раскажува како Драган Николиќ ѝ помогнал да ја добие главната улога. Но, не крие ни дека поради Зоне, во времето кога беше една од најпопуларните глумици, реши да остави сè и да се пресели во Америка, каде што никој не ја знае.

-Морав да побегнам од притисокот што го чувствував тука долго време. Се преселив во Лос Анџелес, одев на кастинзи, а улогите што беа како создадени за мене ги добиваа американски глумици. Се разочарав, сфатив дека филмската индустрија во Холивуд ги меле луѓето од Балканот”, рече таа за „Репортер”.

Среќна е што родителите никогаш не ја прашуваат кога ќе се мажи.

„Тие знаат дека не правам лесно компромиси во љубовта. Па кога до сега не најдов некој колку да се омажам, сега ќе избирам маж што ќе ми одговара во сè. Одамна замрзнав мои јајце-клетки ако еден ден решам да имам дете. Не го правев тоа со хормонална терапија оти во мојата фамилија постои генетска предиспозиција за рак, туку одев по потешкиот пат”, раскажа глумицата.

За новиот филм „Нечиста крв” , неубавите страни на популарноста, разочарувањето од Холивуд, улогите на Бродвеј, зошто ги тужи српските таблоиди и дали жали што не се преселила во Москва може д видите во интервјуто.

Треба да знаете
Последни објави