Search

Го земале умрениот од болница, го измиле и погребале без заштита, па дознале дека има коронавирус

Телото на 53-годишен скопјанец кој починал вчера, семејството го зело од болница и го погребало според сите верски и народни обичаи, без да се почитуваат протоколите за КОВИД-19. Отпосле дознале дека посмртниот тест за коронавирус излегол позитивен.

Случајот за САКАМДАКАЖАМ.МК го потврди директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат Ирина Сотирова-Бухова, објаснувајќи дека е направен извештај кој е предаден на Институтот за јавно здравје и во МВР. Во моментов, вели таа, се врши епидемиолошка анкета на семејството и вработените во болницата. По завршување на анкетата ќе се знае дали во Скопје има нов кластер, колку луѓе се заразени и колку лица поврзани со овој починат пациент ќе бидат ставени во изолација.

Пациентот вчера без знаци на живот го донеле во една приватна болница. Му била направена реанимација, но докторите не успеале да го вратат во живот. Притоа му бил земен посмортем брис за КОВИД-19 , кој бил даден на обработка во Институтот за јавно здравје. Семејството го зело од болницата починатиот, си го однеле дома и го погребале според сите верски и народни обичаи. Но, денеска од болницата добиле известување дека починатиот бил позитивен на КОВИД-19.

Директорката Сотирова-Бухова вели дека починатиот бил донесен во болницата без знаци на живот, имал низа коморбитети и неколку дена дома бил со тешка клиничка слика.

Целиот текст прегледајте го на САКАМДАКАЖАМ.МК

Треба да знаете
Последни објави