Search

Го застрелал својот син стар шест месеци – Mотивот за убиството ќе ве шокира

Го застрелал својот син стар шест месеци – Mотивот за убиството ќе ве шокира

25 годишниот Мајкон Салустиано Силва од Бразил го застрелал својот шестмесечен син затоа што неговата сопруга не сакала да има секс со него.

Се било одиграно во градот Луцијан после караницата на Мајкон и неговата сопруга, 20 годишната Џенифер.

Бебето со име Мајкл е прогласено за мртво два часа подоцна во болница.

Пиштолот бил сокриен во кауч, а обвинетиот се брани дека бил пијан и не се сеќавал на ништо.

Детективот Мартинс Фереира кој работи на случајот кажа дека бебе било застрелано од блиску.

-Веруваме дека осомничениот, во момент на бес кога не го добил она што го сакал, го ставил пиштолот на градите на бебето и пукал додека лежело во креветот. Мајка ни раскажа дека сопругот ја разбудил и сакал секс, но таа му рекла дека е уморна. Тој се изнервирал и настанала караница.

Сред караница, Силва наводно отишол по вода, но се вратил со пиштол кој го вперил кон сопругата.

-Прво сакал да ја убие сопругата. Таа го молела да се смири, но тој само уште повеќе збеснал, потоа го ставил пиштолот на малиот син и прашал дали мисли дека нема храброст да го застрела.

Соседите потоа слушнале пукање, а потоа и врискање и очајување на несреќната мајка. Кога стигнала брзата помош, можеле само да констатираат смрт. Џенифер тврди дека после убиството се онесвестила.

Парот бил заедно четири години и ова им било прво дете. Силва порано не бил осудуван.

Треба да знаете
Последни објави