Search

Гојковиќ со претставници на Европскиот парламент разговарала за изборните услови во Србија

Претседателкта на Собранието на Србија, Маја Гојковиќ разговараше денеска преку видео-врска со известувачот на Европскиот парламент за Србија, Владимир Билчик и шефицата на Делегацијата за односи со Србија на ЕП, Тања Фајон, за преземените активности за подобрување на условите за претстојните парламентарни избори на 21 јуни.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, Гојковиќ посочила дека сè што е договорено во трите рунди на меѓупартискиот дијалог е исполнето и се применува, потсетувајќи дека се донесени измените во законот, дека е завршен процесот на избор на членови на РЕМ и на Надзорниот одбор, и по средбата со претставници на политичките партии кои го најавија учеството на изборите, овозможено е покрај нотарите, потписите на гласачите да бидат заверени и од општинската и градската управа.

Гојковиќ кажа дека веќе е испратена покана до Европскиот парламент, како и до парламентарните собранија на Советот на Европа, ОБСЕ и Медитеранот, да го следат изборниот процес, соопштија од српското собрание.

Гојковиќ посочи дека ќе бидат преземени сите мерки во текот на изборниот процес и денот на изборите со цел да се зачува здравјето на граѓаните.

Шефицата на Делегацијата за односи со Србија на Европскиот парламент, Тања Фајон, меѓу другото, кажала дека е важно да се обезбеди и да се осигура интегритетот на изборниот процес, што е подеднакво важно за учесниците и граѓаните, за да имаат доверба во изборниот процес, како и дека е значајно веродостојното известување за изборниот процес, се наведува во соопштението.

Треба да знаете
Последни објави