Search

Гоце Голомеиќ:Не ширете дезинформации за Рагуза 360

Гоце Голомеиќ еден од сопствениците на Рагуза 360, за кој по симпозиумот на дерматолоците во нивниот ресторан се шират шпекулации и невистини. Тој на својот Фјесбук профил побара да престанат шпекулациите.

„Овој статус го пишувам, затоа што би сакал да ве информирам за случувањата после одржување на симпозиумот на дерматолози на 07-ми март во нашиот ресторан Рагуза360.
Имено би сакал повторно да нагласам дека:
– Нашите вработени не беа во директен контакт со заболената пациентка од Ковид 19, која предаваше на настанот. По одржување на симпозиумот не се организираа други настани или прослави а Институтот за јавно здравје направи темелна и комплетна дезинфекција на објектот.
Дел од нашите вработени кои што беа на работа тој ден се во домашен карантин и немаат никакви симптоми до денеска (поминати се 18 дена) а од Институтот за јавно здравје не информираа дека штом немаат симптоми нема потреба ниту да се тестираат. Би сакал да апелирам до сите да не се шират дезинформации посебно невистини кои се однесуваат на моето семејство. Да ги почитуваме мерките и препораките од Министерството за здраство а на сите заболени од вирусот им посакувам побрзо закрепнување.

https://www.facebook.com/photo.php?fbid=10207129788559871&set=a.1249780981429&type=3

Треба да знаете
Последни објави