Search

Готово е: Погба се враќа во Јувентус

Пол Погба по вторпат пристигнува во Јувентус како слободен играч, откако се договори со „бјанконерите“ за договор како слободен фудбалер по заминувањето од Манчестер јунајтед, јавува италијанскиот „експерт“ за трансфери Фабрицио Романо.

Јувентус успеаја да го продадат Погба за 100 милиони евра на Манчестер јунајтед пред шест години, но тој не го оствари својот максимум во клубот од чија академија произлезе, по што „ѓаволите“ се решија да го пуштат да замине како слободен играч. Неговото враќање во Јувентус беше очекувано, откако претходно одби да остане во Премиерлигата по понудата на Манчестер сити, а тука беше и интересот на Пари Сен-Жермен.

Договорот денеска бил „испеглан“ од страна на неговата адвокатка Рафаела Пимента, која преговараше со Јувентус, и според „Тутоспорт“, ова претставува само почеток на целосниот „ремонт“ на средниот ред на „старата дама“, и само Мануел Локатели останува сигурно во тимот.

Адриен Рабио се очекуваа да замине во Премиерлигата пред последната сезона од неговиот договор, со цена од само 20 милиони евра, Арон Ремзи бара 4 милиони евра да го раскине својот договор, а и Вестон Меккени е поврзуван со клубови од Премиерлигата.

Треба да знаете
Последни објави