Search

Готово е: Влаховиќ и официјално во Јувентус

Фиорентина и Јувентус постигнаа договор за трансфер на српскиот напаѓач Душан Влаховиќ во редовите на Старата дама. Италијанските медиуми побрзаа да го објават тоа, а прв тоа го направи италијанскиот Goal.com, човекот кој од минута во минута ги следи настаните на Јувентус, Ромео Агрести.

Да потсетиме, Влаховиќ преминува во Јувентус за  70 милиони евра, плус уште пет милиони кои „виолетовите„ треба да ги добијат преку разни бонуси. Требаше да биде 67 + 8, но сега се договорени 70 плус 5  како што пишува Corriere dello Sport.

21-годишниот белградски напаѓач треба да му биде на располагање на тренерот Макс Алегри следната недела, а би требало да биде во конкуренција за дуелот против Верона на 6 февруари.

Преговорите деновиве западнаа поради тврдењата на агентите на српскиот фудбалер, поточно нивните провизии, но сите страни во четвртокот попладне најдоа заеднички јазик и зделката беше договорена.

Влаховиќ во наредните ден-два треба да направи лекарски преглед, традиционалната увертира за потпишување на договорот, а овој конечен, формален чин треба да биде завршен најдоцна до крајот на неделата.

Набргу по тиражните италијански медиуми се јави и трансфер магот Фабрицио Романо. Тој, пак, објави дека нето платата на Влаховиќ во Торино ќе изнесува 7 милиони евра по сезона, а лекарски преглед ќе биде направен откако, се надеваат сите, следниот ПЦР тест на српскиот напаѓач биде негативен.

Треба да знаете
Последни објави