Search

Готемелер: НАТО жали за одлуката на Косово, но војската не создава тензии во регионот

Заменичката на генералниот секретар на НАТО, Роуз Готемелер од Тирана го повтор ставот на Алијансата дека жали што косовскиот Парламент донесе одлука за трансформација на Косовските безбедносни сили во армија и покрај спротиставувањето на Алијансата.

Но, таа додаде дека денешната одлука нема да создаде тензии во регионот.

– Сакам да дадам кус коментар за настанот во Приштина ова утро. Денеска косовските власти го објавија усвојувањето на трите закони кои овозможуваат трансформација на Косовските безбедносни сили во војска на Косово. Како што изјави и генералниот секретар, ние искажуваме жалење што одлуката е донесена без согласност на НАТО. Но, од друга страна сакам да нагласам дека денешната одлука на косовските власти нема да создаде тензии во регионот, изјави Готемелер по средбата со министерката за одбарана Олта Џачка.

Таа порача дека сите политички актери во регионот треба да прифатат дискусија и дијалог за постабилен регион.

Готемелер најави инвестиција во износ од 51 милони евра за модернизација на воздухопловна база во Кучово, која одамна е „гробишта на авиони”, кои некогаш биле дел од албанското  воздухопловството.

Кучово ќе биде прва воздухопловна база на НАТО за овој регион, за опрема, логистика, обуки и вежби.

Инаку, базата, во 50-тите години на минатиот век беше дизајнирана од советски инженери, кои поставиле динамит под пистата за да ја разнесат во случај таа да падне во непријателски раце.

Минисерката Џачка се заблагодари за довербата и поддршката што Алијасата ја дава за Албанија и посочи дека земјата го зголемува буџетот за армијата и до 2024 година планира да достигне два отсто од бруто домашниот производ.

– Џачка ја поздрави, како што ја оцени, историската одлуката за трансформација на безбедносните сили, во армија на Косово, која е во „служба на евроатланскиот дух и мирот во регонот”.

Треба да знаете
Последни објави