Search

(Видео) Гостинска вечер во НБА-лигата за Лејкерс, Далас и Вашингтон

Лос Анџелес Лејкерс со 128:113 победи на гостувањето кај Бруклин Нетс во кошаркарската НБА-лига. Гостински триумфи на трите одиграни натпревари забележаа и Далас и Вашингтон.

Далас беше подобар од Портланд со 133:125, а Вашингтон од Кливленд 124:112.

Леброн Џејмс беше проедводникто на ЛА Лејкерс. Тој постигна трипл-дабл во победа кај Бруклин. Кралот постигна 27 поени, а имаше 12 скокови и десет асистенции. Во тимот на Бруклин, најдобар беше Ирвинг со 20 поени, Принс реализираше два поени помалку.
Лилард имаше фантастична партија постигнувајќи 47 поени, но Портланд загуби на свој терен од Далас. Дончиќ со 27 поени беше најефикасен во составот на Далас.
Резултати:
Кливленд – Вашингтон 112:124
Бруклин – ЛА Лејкерс 113:128
Портланд – Далас 125:133
Треба да знаете
Последни објави