Search

Гостивар има рецепт како да излезе на крај со МЗТ Скопје

Во воведниот натпреавр од 12. коло во Првата кошаркарска лига на Македонија, Гостивар го совлада како гостин МЗТ Скопје (78:72). Гостиварци кои забележаа победа и на првиот меч пред своите гледачи против МЗТ Скопје се единствениот тим досега во сезонава кој на домашната сцена и во АБА2 лигата, најде решение како да се освои СЦ „Јане Сандански“.

Со овој триумф, Гостивар се изедначија со МЗТ Скопје на првото место на табелата со скор 9-3. Донован Доналдсон со 20 поени беше најефиаксен во победничкиот тим, а веднаш зад него беа Ивица Димчевски со 19 поени (пет тројки) и Ѓорѓе Џелетовиќ со 18 поени. Дамјан Стојановски со 15 поени беше најпрецизен кај МЗТ Скопје, а Андреј Магдевски и Ерон Харис мечот го завршија со по 11 погодоци.

Утре од ова коло се играат мечевите Еуро Никел – Кожув (18 часот), Работнички – Куманово (18 часот) и Академија ФМП – Пелистер (18 часот), а в недела Вардар ќе се сретне со вториот тим на  МЗТ Скопје Уни Банка (18 часот).

Треба да знаете
Последни објави