Search

Гостиварец ги истепал ќерката и сопругата оти не му давале пари, па се заканил дека ќе ги обеси

Основното јавно обвинителство Гостивар поведе постапка против 43 – годишен гостиварец, за кој постои основано сомнение дека ги сторил кривичните дела  Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1 и Загрозување на сигурноста од член 144 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Осомничениот на 15 октомври 2021 година, околу 22:30 часот, во домот во кој живеел во заедница со оштетените, започнал расправија по што ги нападнал оштетените и нанел телесни повреди. Тој побарал парични средства, но откако сопругата му кажала дека нема, започнал да ја удира со шлаканици. Потоа побарал пари и од ќерката, но откако не му биле дадени се упатил да го земе нејзиниот мобилен телефон за да го продаде. Кога ќерката се обидела да повика полиција, осомничениот зел нож од кујната и замавнал кон неа, во што бил спречен од сопругата. Тој продолжил со намерата, удирајќи ја сопругата со каиш во пределот на грбот и левата натколеница нанесувајќи и телесни повреди.  Нападот го спречил нивен роднина.

Осомничениот кривичното дело загрозување на сигурноста го сторил на штета на неговата ќерка. Тој неколкупати праќал пораки на нејзиниот мобилен телефон со закани дека ќе ја обеси и дека ќе ги заколи неа и нејзината мајка.

Бидејќи сторените кривични дела се против јавниот ред или моралот, а особено бидејќи пoстојат околности кои го оправдуваат стравот дека осомничениот ќе го повтори делото или дека ќе го изврши кривичното дело со кое се заканува, јавниот обвинител до Основниот суд Гостивар поднесе Предлог за определување мерка притвор за осомничениот.​

Треба да знаете
Последни објави