Search

Горно Лисиче подготвено за Петровден

Црквата „Свети Петар и Павле“ во Горно Лисиче е подготвена за утрешното празнување на верскиот празник Петровден.

Овој ден традиционално се прославува во Горно Лисиче. Локалното население учествува во одбележувањето на овој голем празник, а во домовите се очекуваат многу гости.

Општина Аеродром помогна во подготовките за Петровден и испрати дел од своите комунални служби да ја искосат тревата во црквата и да ја исчистат околината.

Инаку, од оваа црква за две недели ќе тргнат и коњаниците што ќе учествуваат на познатиот Илинденски марш.

Треба да знаете
Последни објави