Search

Гори шума во близината на ветерниците кај Богданци

Голем шумски пожар избувна во близина на ветрниците кај Богданци, но поради непристапниот терен засега не може да интервенираат противпожарните единици.

Веста за МИА ја потврди градоначалникот на Богданци, Блаже Шапов кој бара да интервенираат канадерите за гаснење на пожарот поради непристапниот терен.

Пожарот се шири со голема брзина, и според информации од градоначалникот Шапов, гори нискостеблеста шума на околу 400 до 500 метри од ветерниците.

Пожарот може да се забележи и од патот Струмица-Валандово, од превојот „Валандовско брдо”.

Треба да знаете
Последни објави