Search

Гори шумата над манастирот во село Селце, евакуирани 500 деца на екскурзија

Нов голем пожар денеска се појави кај село Селце, во непосредна близина на манастирот „Св.Димитрија“.

Со пожарот е зафатена густа борова шума која се протега веднаш над манастирот, а покрај екипите на Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) – Прилеп, на терен излегоа стотина вработени во јавните претпријатија, како и поголем број на доброволци.

Инаку пожарот започнал во моментот кога кај манастирот се наоѓале околу 500 ученици од ООУ „Климент Охридски“ од Прилеп кои таму биле на еднодневна екскурзија.

-Имавме план како да ги евакуираме учениците, успеавме во колона пешки со колегите пешки да ги извлечииме децата. Огнот до манастирот се прошири за само 10-тина минути, кажа Зоран Сребреноски, директор на ООУ „Св. Климент Охриски“ Прилеп.

Бидејќи огнот се шири со голема брзина, на помош пристигнаа и авионите за гаснење пожар од Дирекцијата за заштита и спасување. Меѓу првите кои пристигнаа на местото каде што избувна пожарот беа градоначалникот Илија Јованоски и претседателот на општинскиот Совет, Миле Талевски.

-За брзо време пристигна возило на ТППЕ кое беше поставено во дворот на манастирот ‘Св.Димитрија’, затоа што пожарот веќе беше стигнат на педесетина метри од манастирот. Од Дирекцијата за заштита и спасување веднаш побаравме воздушна поддршка за гаснење на пожарот, стапивме во контакт и со министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски. Ни беше одговорено дека авионите веднаш ќе бидат испратени и, како што видовте, тие пристигнаа и заедно со пожарникарите, стотината вработени во јавните претпријатија и доброволци, се вклучија во гаснење на пожарот, изјави градоначалникот Јованоски.

Треба да знаете
Последни објави