Search

Гори куќа во Ѓорче

Вечерва избувнал пожар во населбата Ѓорче Петров, во близина на улицата Борис Сафаров, веднаш после кружниот тек, објави ТВ21. Според неофицијални информации, гори една од куќите кои се наоѓаат во тој дел.

Читатели не информираа дека на местото на настанот пристигнале противпожарни возила, но и возило на брза помош.

Официјални информации се очекуваат во текот на утрешниот ден.

Треба да знаете
Последни објави