Search

Гори депонија во Рим, токсичен чад се крева над градот

Голем пожар избувна во општинската депонија во северен Рим, а фотографиите кои се појавија по социјалните мрежи покажуваат густ црн чад на небото над местото на пожарот. Властите објавија дека секој што чувствува непријатен мирис треба да ги затвори прозорците и да ги избегнува активности во тој дел од градот, објави Ројтерс. Според извештајот, засега нема индикации што го предизвикало пожарот во депонијата, каде што се депонира една петтина од вкупниот отпад во Рим. Пожарот избувна пред зори, а во неговото гасење учествуваат 20-тина пожарникари.

Некои италијански медиуми сугерираат дека чадот е токсичен и опасен.

Треба да знаете
Последни објави