Search

Горили во зоолошка во САД заразени со коронавирус

Коронавирус е потврден кај горили во зоолошка градина во Атланта, во сојузната американска држава Џорџија.

Во соопштението од зоолошката градина се вели дека горилите имале симптоми како што се кашлање, течење на носот и губење на апетитот.

По земени брисеви од уста, нос и примерок од столицата, резултатите покажале дека се позитивни на коронавирус.

Од зоолошката не дале податоци за бројот на горили заразени со Ковид-19. Американските медиуми наведуваат дека 13 од 20 горили се заразени со вирусот.

Ковид-19 беше дијагностициран во јануари кај две горили во зоолошката градина во Сан Диего.

Треба да знаете
Последни објави