Search

Гордон Ремзи се лути кога луѓето мислат дека е дедо на неговиот 19-месечен син

Славниот готвач (54), кој има пет деца – Меган (22), близнаци Џек и Холи (20), Матилда (19) и Оскар (19 месеци) –  со сопругата Тана, е уморен од тоа што луѓето мислат дека неговото најмало дете всушност му припаѓа на неговиот постар син, а дека тој е дедото, кога сите се заедно.

„Најлошата работа е кога шетаме со Тана и Џек, и сите гледаат во Џек како Оскар да е негов син. Сигурно сте горди што сте дедо,“ вели Гордон, алудирајќи на тоа што си мислат луѓето кога ги гледаат сите заедно, и на крајот додава: „По ѓаволите, тој е наш.“

„Ако уште еднаш ме наречат дедо, ќе бидам многу лут!“

Гордон е познат по својата страст кон фитнесот и е воодушевен што неговите деца тргнаа по неговите стапки кога станува збор за настани за издржливост.

Легендарниот готвач за новиот број на британското списание Men’s Health изјави: „Мојот син Џек го направи својот прв „Ајрон-мен“ 70.3 минатата година. Сите деца влегоа на лондонскиот маратон, собирајќи пари за детската болница „ Грејт Ормонд “. Тана ќе се посвети 10. маратон. Јас се пријавив за маратонот во Лондон, и на два во Лос Анџелес.“

Треба да знаете
Последни објави