Search

Гордон Рамзи се пошегува дека неговиот најмал син веќе почнал со пцости

Славниот британски готвач познат по својата вулгарност и остар јазик тврди дека неговиот деветмесечен син Оскар – кого го има со сопругата Тана – веќе почнал да наликува на него, додавајќи дека дека бебето опцуло кога му била дадена „одвратна“ храна.

53-годишниот Гордон Рамзи се пошегува: „Тој проба пире од тиква, но исплука во рок од три секунди. Можев да му прочитам од усните, а мојата сопруга Тана готвеше. Мислам дека зборовите што излегоа од устата беа ‘F *** ing disgusting’.“

Но, ѕвездата на Kitchen Nightmares („Кошмари во кујната“) – кој со Тана има уште четири деца  –  Меган (22), близнаците Холи и Џек (20) и Матилда (18) – бргу ја обвини својата сопруга за лошото јадење.

„Тој е свесен дека во куќата има само еден шеф, а тоа сум јас“, рече тој.

Гордон исто така објасни дека ниту едно од неговите пет деца нема да има посебни привилегии кога станува збор за кариера за готвење. Тој би сакал да заминат некаде и да тренираат со друг готвач доколку решат да се занимаваат со кулинарство.

Во интервју со Access Hollywood, Гордон вели „не сакам персоналот да си мисли ‘по ѓаволите, ова е дете на Рамзи, не можеме да им откажеме’“.

„Сакате да работите во овој бизнис? Одете кај друг готвач, таму ќе научите нешто поразлично, и се враќате со нешто ново за да го подобрите бизнисот“.

Треба да знаете
Последни објави