Search

Гордон Рамзи горд на синот по завршениот тренинг за кралски маринец

Синот на шкотскиот готвач и телевизиска ѕвезда Гордон Рамзи ја заврши основната обука за да стане командос на кралските маринци, а таткото Гордон го пофали своето момче за успехот.

И покрај неговиот статус – син на позната личност – Џек Рамзи сериозно се посвети на тренингот во последните 32 недели во Центарот за обука на командоси на кралските маринци во Лимпстон, Девон.

Исцрпувачкиот тренинг на зелените беретки е познат по тоа што е еден од најтешките обуки на војници низ целиот свет.

Гордон се пофали со 20-годишникот веднаш по парадата што се оддржа минатата недела. Тој се огласи на социјалните мрежи за да ја изрази својата гордост откако синот Џек ја заврши исцрпувачка основна обука.

„Немам доволно зборови да ви кажам колку сум горд на овој млад човек Џек Рамзи, кој ме натера да се чувствувам како најгордиот татко. Влегувањето во Кралските маринци е неверојатно достигнување,“ напиша Гордон, татко на пет деца.

Треба да знаете
Последни објави