Search

Гордан Николов назначен за амбасадор на Форумот на словенските култури

Директорот на Музејот на Република Северна Македонија Гордан Николов е назначен за амбасадор на Форумот на словенските култури.

– Николов е назначен за амбасадор на Форумот на словенските култури поради исклучителниот и скапоцен придонес за препознатливоста на установата и воспоставувањето на меѓусебни врски меѓу словенските култури, соопшти Музејот на Република Северна Македонија.

Гордан Николов бил назначен од страна на директорката на Форумот д-р Андреја Рихтер на свеченоста по повод  јубилејот – 15 години на Форумот на словенски култури.

Нашата држава е членка на Форумот од самото негово основање, а Гордан Николов во својство на претставник на нашата земја е член на програмскиот колегиум на Форумот и член на жири-комисијата за доделување на наградата „Жива”.

Петнаесетгодишниот јубилеј на Форумот на словенски култури и отворањето на 31. Меѓународен музички фестивал „Imago Sloveniae” беше одбележан со голем симфониски концерт во центарот на Љубљана. На свеченоста присуствуваа и амбасадорот на Кралството Холандија во Република Словенија, Дерк Јан Наута, Божо Бишкупиќ, поранешниот хрватски министер за култура, Дубравка Ѓуриќ Немец, поранешн помошник министер за култура на Хрватска и Владимир Копцл, познат книжевник од Република Србија, кои исто така беа прогласени за амбасадори на Форумот на словенсите култури.

Треба да знаете
Последни објави