Search

Гомез најдобар стрелец, Каралек е МВП на Ф4 во Келн

Тимот на Барселона е старо-нов шампион во Лигата на шампионите и тоа откако вечерва по една неверојатна драма, луд меч славеше во Келн над Кјелце по изведување на пенали.

Голема борба водеа избраниците на Ортега и Душебаев, многупати резултатот беше изедначен и на крајот ударите од седум метри беа тие оние кои го решија победникот, првакот за натпреварувачката 2021/2022.

Каталонците го добија првиот дел со минимални 14-13, второто полувреме донесе голема битка во која шпанскиот преставник беше на чекор од славје, но Каралек погоди буквално пред звукот на сирената за конечни 28-28 по 60 минути игра.

Ова значеше дека ќе имаме продолженија, ама и тие не дадоа одговор на најважното прашање затоа што по десет минути резултатот беше 32-32 што значеше дека ќе гледаме пенали.

Во таа серија сите играчи на Барса беа прецизни, додека кај гостите не реализираше Алекс Душебајев или поточно неговиот удар беше прочитан од одличниот Перез Де Варгас.

Со ова Барселона дојде до 11. трофеј во ЛШ, но и воедно испиша историја затоа што стана првиот клуб кој ја одбранил титулата на завршниот турнир во Келн.

Гомез Абељо со 9 погодици беше најефикасен кај новиот шампион, додека кај поразените по четири гола дадоа Душебаев, Каралек, Морито, Вујовиќ, Кулеш и Даниeл Душебајев.

Треба да знаете
Последни објави