Search

Гол и асистенција за Адеми, Динамо на чекор од ЛШ

Македонскиот репрезентативец даде еден гол и запиша асистенција во големата победа на загрепски Динамо над унгарскиот шампион Ференцварош.

Во 16-тата минута Аријан Адеми го отвори резултатот откако беше одлично проигран од Дани Олмо. Десет минути по паузата Адеми му врати на Олмо со одлична асистенција при третиот гол.

Динамо славеше со 4:0 среде Будимпешта и се пласираше во последното квалификациско коло пред фазата по групи на Лигата на шампиони. Првиот натпревар во Загреб заврши 1:1.

За Ференцварош не беше во комбинација Стефан Спировски кој сѐ уште се опоравува од повредата.

 

Треба да знаете
Последни објави