Нервоза и застој во сообраќајот предизвика сообраќајка, попладнево во центарот на Скопје. Кај Собранието автобус на ЈСП удри во “голф”, кој најверојатно лошо се престројувал и му го попречил патот. Според првичните информации, во сообраќајката нема повредени.