Search

Голф излета од пат, сопатникот тешко повреден

На 10.11.2019 во 21.15 часот на локалниот пат село Барово – с.Света Петка, скопско, патничко моторно возило „фолксваген голф“, со скопски регистарски ознаки, управувано од И.Р.(45) од с.Света Петка, излетало од коловозот. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле возачот и сопатникот Р.Р.(24) и биле пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од екипа од СВР Скопје.

Треба да знаете
Последни објави