Search

Голомразицата и снегот предизвик за возачите и пешаците – нов превентивен проект на СВР Тетово

Секторот за внатрешни работи Тетово започна со практична реализација на превентивниот проект „Голомразицата и снегот-предизвик за возачите и пешаците” информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.  Активностите според планираната програма ќе траат до 15-ти март, идната година. Носител на проектот е Отсекот за превенција во соработка со полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово и полициската станица Гостивар.

– Предвидени се повеќе контролни активности кои ќе се однесуваат на пешаците како учесници во сообраќајот во зимски услови и на брзината со која се движат возилата, пред се, низ градските улици. Со проектот се предвидува и дистрибуција на неколку стотини наменски изработени флаери и плакати со корисни совети за возачите и пешаците што и како да прават и направат за нивна поголема безбедност во зимскиот период. Флаерите ќе се делат на повеќе пунктови и на наплатните станици на автопатот што минува низ регионот, рече Јосифовски.

На возачите и пешаците-прекршители, според планираното во овој превентивен проект ќе им бидат изрекувани опомени, освен доколку станува збор за посериозни прекршоци кога ќе им се изготвуваат соодветни поднесоци.

Треба да знаете
Последни објави