Search

Голем успех: Прв човек во светот излекуван од ХИВ само со лекови

Триесет и четиригодишен маж од Бразил е првиот човек излекуван од ХИВ само по пат на интензивна експериментална терапија со лекови.

Бразилецот на кого му беше дијагностициран ХИВ во 2012 година е првата личност која има долгорочна ремисија на ХИВ по една година лекување со антиретровирусни лекови (АРВ).

Заедно со него, други четири пациенти примале ист лек, но тој бил единствениот излечен, па експертите кои го воделе проектот предупредуваат дека се потребни дополнителни истражувања за да се потврди ефикасноста на овој третман, пишува „Телеграф“.

Споменатиот маж од Бразил е трето лице кое досега се излечило од оваа болест, а другите две лица веќе немале ХИВ по извршената трансплантација на матични клетки

Треба да знаете
Последни објави