Search

Голем успех за Хрватот: Модриќ прогласен за најдобар светски фудбалер од ФИФА

Хрватскиот фудбалер Лука Модриќ е прогласен за најдобар светски фудбалер за сезоната 2017/18 и го доби престижното признание „The Best“ кое го доделува ФИФА.

Откако беше прогласен за број еден од УЕФА, членот на Реал Мадрид стигна и до второто големо индивидуално признание, кое го заслужи со настапите во дресот на Реал и Хрватска.

Модриќ освоил најмногу поени во гласањето, а зад себе ги остави Кристијано Роналдо и Мохамед Салах. Ова е првпат по 2007 година, признанието на ФИФА да не им припадне на Роналдо или Лионел Меси.

Треба да знаете
Последни објави