Search

Голем проблем за Рома: Им се повреди еден од најдобрите играчи и ќе отсуствува подолг период

Од таборот на Рома стравуваат дека го изгубија својот најдобар играч од одбраната на подолг период.

Грчкиот репрезентативец Костас Манолас го повреди зглобот на десната нога на вчерашниот натпревар против Финска во рамките на Лигата на Нациите.

Стоперот за кој интерес пројавуваат неколку европски гиганти мораше да биде заменет во првиот дел од средбата. Гркот сега ќе оди на детални лекарски прегледи, а од Рома се надеваат дека истите ќе покажат дека се работи за помала повреда.

„Волчицата“ во следниот период ќе има три тешки средби против Удинезе, Реал Мадрид и Интер.

Треба да знаете
Последни објави