Search

Голем пожар во фабрика за изолациски материјали во Словенија

Голем пожар избувна ноќеска во фабрика за производство на изолациски материјали и стиропор во местото Подскрајник во близина на словенечкиот град Церкница, кој пожарникарите успеаја да го совладаат дури во претпладневните часови.

Пожарот, во чие гаснење учествувале околу 300 пожарникари, предизвикал милионска материјална штета, а постојат и стравувања за штетни последици по животната средина.

При пожарот изгорел најголем дел од производниот погон на фабриката „Фрагмата”, во чија изградба во 2012 година се вложени 20 милиони евра.

Според првичните резултати од истрагата, пожарот започнал во главната машина за производство на плочи од стиропор, по што огнот се поширил низ погонот.

За време на пожарот од фабриката се кревал густ црн чад кој достигал и до седум километри во височина.

Поради пожарот денеска е откажана наставата во три училишта и не работат и две детски градинки во населените места во областа во која се наоѓа фабриката.

Исто времено, властите им препорачаа на локалните жители да не го користат за исхрана зеленчукот и овошјето од нивните градини, а ако веќе решат да го консумираат, тогаш добро да го измијат.

Треба да знаете
Последни објави