Search

Голем пожар во старата битолска чаршија

Голем пожар во старата битолска чаршија избувнал денеска напладне. Засега непознати се причините за несреќата, од противпожарната единица во Битола велат дека изгунал во еден објект, а подоцна се проширил и во околните. Причините допрва ќе се утврдуваат.

На терен во гаснењето интервенирале 3 противпожарни возила со 12 пожарникари. Пожарот по три часа гаснење е локализиран, но се уште на терен се екипите на ТППЕ.  Огнот избил од една напуштена зграда, по што се опожарени уште три оклопни покриви. Напуштената зграда е целосно е изгорена. Пожарникарите изјавуваат дека имале тешкотии да влезат до запалената зграда, поради лошиот приод. Во старите згради нема ни функционални хидранти. Се работи за простор каде се сместени 15-тина дуќани, кои можеле да бидат зафатени.

Командирот на ТППЕ од Битола Костадин Поповски, вели дека гаснењето се одвивало отежнато бидејќи хидрантот кој се наоѓал во близина на објектите кои гореле не работел, па биле приморани вода да носат од противпожарната единица.

 

ФОТО: Сител телевизија

Треба да знаете
Последни објави