Search

Голем пожар во скопски Жданец

Голем пожар во скопски Жданец

Голем пожар го зафати брдото над скопски Жданец. Темен чад може да се забележи веднаш над населбата.

Екипите на скопската противпожарна бригада се уште се во скопски Жданец каде предмалку избувна голем пожар. Како што командирот Звонко Томески информира за „Република“, се запалило приземјето на семејна кужа на улицата „Теодосиј Синаитски“.

-Се уште сме на лице место во Жданец, се работи на догаснување и расчистување на пожарот со кој брзо се справивме, вели Томески за „Република“.

На лице место веднаш се упатиле пет пожарни, а понатамошно ширење и поголема штета спречиле 15 пожарникари.

Треба да знаете
Последни објави