Search

Голем пожар во велешко Војница, градоначалникот Стојановски бара помош

Голем пожар се шири во близина на селото Војница, во околината на Велес, објави попладнево на Фејсбук градоначалникот на Општина Чашка Горан Стојановски.

Стојановски на Фејсбук објави и фотографии од големиот пожар и порача дека се потребни доброволци за гаснење на пожарот.

„Нов страотен пожар во близина на село Војница. Пламените јазици се шират со голема брзина“, пишува градоначалникот Стојановски на Фејсбук.

https://www.facebook.com/goran.kanela/posts/3207318935961932

За големиот пожар апелираат и грѓаните на социјалните мрежи барајќи помош.

 

 

 

Треба да знаете
Последни објави