Search

Голем пожар во Велес

Голем пожар во планините на велешко

Поради интензивирање на пожарот кој од вчера избувна во село Каласлари, општина Велес, Дирекцијата за заштита и спасување, со два воздухоплови и денес е активна и интервенира од воздух,.
Досега интервенираше шест пати, при што беа исфрлени 30 тони вода.Станува збор за пожар од поголеми размери при што беше зафатена шума црн бор.
Денес пожарот беше локализиран и беше изгасната површина од 60 хектари.
Досега не се памти во месец март волку често избувнување на пожари и тоа на многу локации низ државава.Потенцираме дека ова е навистина ран период за справување со нив, знаејќи го фактот дека допрва следува летото, кога пожарите избувнуваат најчесто поради топлото време.
Околу 90 отсто од пожарите во Скопје се предизвикани од човечки фактор. Има дел несовесни граѓани што палат стрништа и трева, но работата може да излезе надвор од контрола, особено кога има ветровито време. Организирани групи, смислено ги опожаруваат шумите и ливадите за да дојдат до евтино огревно дрво, кое подоцна двојно поскапо го продаваат, или пак за да дојдат до нови пасишта за својот добиток.
Затоа, потенцираме дека покрај одговорноста на инспекциските и земските служби, одговорно треба да се однесуваат и граѓаните, бидејќи покрај опасноста од човечки жртви, постои опасност за уништување и на животната средина која е важна за секој еден поединец.

Треба да знаете
Последни објави