Search

Голем пожар во Бардовци – чадот се шири дури до Центар

Голем пожар избувна попладнево во скопско Бардовци, информира КУРИР.

Засега пламените јазли имаат зафатено сува трева во горниот дел на селото, но пожарот се шири поради ветерот.

Кај граѓаните владее страв бидејќи пожарот се доближува до куќите, па тие се излезени и сами се обидуваат да гаснат.

Како што информира КУРИР, во моментов пристигнуваат пожарникарските служби.

Чадот се чувствува дури до Центар.

Треба да знаете
Последни објави