Search

Голем парче мраз се откина од Гренланд

Големо парче мраз се откина од најголемото преостанато ледено подрачје на Антарктикот, на североисточен Гренланд.

Искршениот дел покрива околу 110 километри квадратни, а сателитските снимки покажуваат дека се искршил на многу ситни делови, пренесе Би-би-си.

Загубата е уште еден доказ, велат научниците за брзите климатски промени што се случуваат на Гренланд.

„ Атмосферата во овој регион е загреана за околу 3С од 1980 година“, рече д-р Џени Туртон.

„ И во 2019 и 2020 година, беа забележа рекордни летни температури“, изјави за BBC њуз поларниот истражувач на универзитетот Фридрих-Александар во Германија.

Делот е долг приближно 80 километри со ширина од 20 километри и е лебдечки преден крај на ледениот тек на североисточен Гренланд.

На својот воден крај, глечерот 79N се дели на два дела, со помал дел кој се врти директно на север. Токму оваа притока, наречена Глечер Спалт, сега се распадна.

Треба да знаете
Последни објави