Search

Голем музички концерт во Битола – гостуваат Псохомодо Поп, Ласт Експедишн и Дивље Свиње

Голем музички концерт ќе се одржи во рамките на манифестацијата Битола отворен град 2019, на кој ќе настапат Псохомодо Поп, Ласт Експедишн и Дивље Свиње. Концертот ќе се одржи на
30 јуни (недела) во 21 часот на Плоштад Гоце Делчев, Широк сокак.

Психомодо Поп, бендот кој скоро четири децении е незаобиколен музички арбитер на овие простори на 30ти јуни за прв пат ќе настапи во Битола.Во 1983 година ја започна својата музичка историја. Првото име на бендот било Нерон, а потоа се преименуваа во Психомодо Поп, инспирирани од албумот на групата Cockney Rebel, со име Психомодо, а додавката Поп дошла како почит кон Iggy Pop, Andy Warhal и поп артот.Бенд кој се напојувал на музиката на Ramones & Sex Pistols, вежбале по загребските гаражи, снимиле 15 албуми, со појава и сценски настап кој се памети и еве сеуште не ги напушта тој луд жар за настапи во живо пред стара, но и нова публика. Фронтмен им е харизматичниот Давор Гобац, а нивните хитови “Ја волим само себе”, “Секси магазин”, “Фрида”, “Рамона”, “Кад сам имао 16″ ги пеат различни генерации веќе 35 години.

Ласт Експедишн е една од најзначајните групи во историјата на македонскиот рокенрол. Оваа година нивното реобединување дојде како супер освежување на сеќавањата на 90тите. Музички фејслифт направен по сите криетриуми е нивниот камбек, а сепак е оној стар добар звук на експедицијата која буквално е враќање во иднината.
Формирани 1986тата година во скопски Ѓорче Петров. Алтерантива на рок кој звучеше добро и тогаш, а сега ќе звучи уште пожестоко заради новите сили на бендот кои даваат спреј на новото време.Со нетрпение ќе очекуваме на Битола Отворен град да се вратат на трите студиски албуми и еден снимен во живо: Intro (1993), Изгубени ликови (1994), Box (1997) и Live – A1TV Exic (2001) и на музичките химни Песната за песот, Далеку си, Ќељав дабар, Шефе, Не е важно…и енергичниот хит Хеј хо, кој е најава за новиот албум кој наскоро излегува.

,,Откако диви свињи го нападнаа Белград, по зголемувањето на водостојот на Дунав, инвазијата продолжува на југ”- ова е вистинит наслов од еден српски весник, а ние најавуваме дека новосадскиот панк квартет Диви свињи ни доаѓа во Битола. Бенд кој се формирал спонтано во 2016 година и носи еден охрабрувачки звук кој испорачува канонада од панк енергија, многу слична на онаа која е креирана од страна на првата генерација на светски панк артисти. Овој бенд на свој начин комбинира автентични панк елементи со панк рок додавка, неиспеглани гитарски баражи и препознатлива текстуална форма која е сурова критика на политичките и социјалните случувања во општеството. Нивниот албум кој носи Чомски инспириран наслов “Не гледајте телевизију” ќе го слушнете на концертната сцена во Битола преслушувајќи ги сонговите чии наслови се пораки за сами по себеси “Шишање”, “Канцелар”, “Бахатост”, “Јагњече бригаде”, “Правила”…

Треба да знаете
Последни објави