Search

Голем кикс на Роси за нова победа на Маркез

Возачот на „Репсол Хонда“, Марк Маркез триумфираше на Големата награда на Малезија, откако ја искоисти грешката на Валентино Роси, кој со својата „Јамаха“ излета од патеката „Сепанг“.

За Шпанецот, кој веќе ја обзбеди титулата, ова беше деветтата победа сезонава и 70-та во кариерата.

Италијанецот уште на стартот го презеде водството и водеше до 17 круг, за да направи нетипична грешка за него и излета од патеката. Наместо прва победа во сезонава и 116 во кариерата, Роси на крајот заврши како осумнеаести. Останатите три круга до крајот Маркез немаше проблем и незагрозен од никој помина прв низ целта.

На подимот се искачија и Алекс Ринс на „Сузуки“ и Јоан Зарко на„Јамаха Teч 3“ .

Со новите бодови на Маркес, како и на неговиот тимски колега, петопласираниот Дени Педроса, „Хонда“ ја обезбеди и титулата во конкурнција на конструктори.

 

Треба да знаете
Последни објави