Search

Голем кикс на Манди, Холандија во финишот славеше против Сенегал

Холандија со два гола во финишот го совлада вечерва Сенегал 2-0 (0-0) во рамки на воведното коло во групата А на Светското првенство во Катар.

Холанѓаните ја оправдаа улогата на фаворити, ги освоија планираните три бода против Сенегал, но африканската репрезентација се покажа како тврд орев.

Двете репрезентации имаа по неколку шанси во првото полувреме, но само еден удар заврши во рамките на голот на Холандија, додека напаѓачите на Сенегал во вториот дел тргнаа со сите сили по гол, но налетаа на расположениот Ноперт.

Играта на Сенегал беше течна и без мака фудбалерите стигнуваа до голот на Холандија, а прва посериозна шанса имаше Булаје Диа кој испрати силен удар во долниот десен агол од голот, но истиот беше запрен од Ноперт.

По неколку минути Сенегал доживеа вистински шок откако се повреди Идриза Геј, а во 84. минута Гакпо искористи одличен центаршут на Френки Де Јонг за да ја затресе мрежата на Сенегал (1-0). Голманот на Сенегал задоцни со реакција, па излезена нафрлената топка покасно, ша Гакло со глава ја спушти во мрежата.

Папе Геј имаше шанса да го врати Сенегал во игра, но ниту тој не најде решение за одличниот голман на Холандија кој запиша уште една интервенција, по што победата за Холанѓаните ја потврди Дави Класен.

Вчера на отворањето на Мундијалот во истата група Еквадор го совлада домаќинот Катар со 2-0.
Во следното коло, Холандија ќе игра против Еквадор, додека домаќинот Катар против Сенегал.

Треба да знаете
Последни објави