Search

Голем интерес за натпреварот со Македонија во полските и австриските медиуми

Македонија не е веќе аутсајдер, и на нејзин терен тешко се освојуваат бодови. Во минатиот циклус во Скопје се мачеа репрезентациите на Шпанија и Италија, и кои нималку не беа надмоќни. Од тогаш Македонската фудбалска репрезентација е во подем, и остварува позитивни резултати. Има шанси преку лигата на нации да се пласира на врвно натпреварување, оствари 4 бода во првите две кола од овој квалификациски циклус, и во неа има одлична хемија. Македонија е сериозен тим, со кој треба да се намачите за да освоите бодови, и токму поради тоа, е потребна добра анализа, подготовка и стратегија, се дел од коментарите во Полските медиуми.

Полска и Австрија најавија свои поддржувачи на квалификациските натпревари на 7 и 10 јуни.

Полска доаѓа со најсилниот состав, тим кој поседува огромен индивидуален квалитет, Милик, Левандовски, Пјатек, Зјелински и останатите.

Австрија по слабиот старт веќе нема простор за грешки. Секој изгубен бод, може многу да ја кошта, што дополнително ги подгрева тензиите и очекувањата, и поради што ќе влезе многу сериозно во натпреварот со Македонија.

И двата меча се играат на Арената „Тоше Проески“ во Скопје, од 20:45 часот.

Верните навивачи на нашата најдобра репрезентација можат да купат билет за натпреварите против Полска и Австрија  и на посебен пулт на ФФМ во Skopje City Mall (пред влезот на кафулето Play). Влезници ќе можат да се купат и на благајната на Националната арена „Тодор Проески“ од 1 јуни (сабота), а од 3 јуни (понеделник) и во Фудбалската федерација на Македонија, „Куќа на фудбалот“.

Треба да знаете
Последни објави