Search

Големо финале на Типстер купот на Sport Life, главна премија – стан на Водно!

Од денеска, 10 август, стартува финалната фаза на Типстер купот 2019/2020 на Sport Life, која ќе трае во наредните 30 дена, сè до 10 септември.

Тогаш ќе се знаат и 10 најдобри „типстери“ на овој традиционален натпревар на Sport Life.

Победникот го очекува главната премија – нов стан на Водно, додека за останатите 9 натпреварувачи следуваат вредни поени за подароци по нивен избор од СЛ Маркетот.

За освоеното 2 место следуваат 5 милиони поени, за 3 место 2 милиони поени, за 4 место – 1 милион, за 5 место – 500.000 поени, за 6 место – 200.000, 7 место носи 100.000 поени, 8 место – 50.000 поени, 9 место – 40.000 поени и 10 место – 30.000 СЛ Маркет поени.

Оваа година, импресивна бројка од 3.520 натпреварувачи влегоа во финалната трка на Типстер купот. Тоа се победниците од претходните деветмесечни етапи (по двајца од секој објект), кои се натпреварува во типувањето, со добитните, но и со недобитните тикети. Директен пласман остварија и 6 најдобри играчи од акцијата „До 50 шанси за 100.000 денари“.

За сите обложувачи што се пласираа во финалето, Sport Life обезбеди и ваучери од 50 денари, со услов да одиграат барем 10 тикети со СЛ картичката.

Финалистите ќе имаат добра можност да го покажат своето спортско знаење и умешност во прогнозите со оглед на актуелната богата понуда на атрактивни и возбудливи натпревари од Лигата на шампиони, од Лига Европа, натпреварите на плејофот на НБА и НХЛ, како и мечевите од другите државни првенства.

Правилата за натпреварување и начинот на пресметување на поените за рангирање во купот, можете да ги најдете на следниот линк.

Треба да знаете
Последни објави