Search

Големо количество на вино истекло во река во Калифорнија

Повеќе од 97.000 галони црвено вино истекле од големи буриња од една винарница и завршиле во река која се влева во Тихиот Океан северно од заливот на Сан Франциско.

Станува збор за количество на црвено вино со кое може да се наполнат осум големи цистерни, наведува станицата КТЛА, која работи во состав на „Си-ен-ен“.

Нема извештаи за помор на риби, но киселоста на виното најверојатно ќе ги убие инсектите со кои се хранат рибите, тврди Дон Мекенил, извршен директор на компанијата за зачувување на реката.

Винарницата за „Си-ен-ен“ изјави дека спроведуваат внатрешна истрага и соработуваат со надлежните органи.

„Ние сме длабоко загрижени и правиме сè што можеме за да ги заштитиме водните патишта“, рече портпаролот.

Треба да знаете
Последни објави