Search

Големи затворски казни за две жени поради обид за напад врз Нотр Дам

Француски суд осуди две жени поврзани со исламските екстремисти на минимум 25 години затвор, поради тоа што пред три години спровеле неуспешен обид за напад со автомобил бомба пред катедралата Нотр Дам во Париз.

Според пишувањето на француски „Фигаро“, едната од жените ја охрабрила другата да и се придружи, претставувајќи се на интернет како екстремистички милитант кој се вратил од Сирија и на тој начин сакал да најде жена, пренесува „Ројтерс“.

Во зората на 4. септември, полицијата пронашла сив автомобил марка „пежо“ без регистарски таблички во кој имало седум контејнери со плин и три канистри со бензин. Автомобилот бил паркиран на левиот брег на Сена близу катедралата, а врз основа на догорчињата од цигари и ќебето натопено во бензин, истражителите заклучиле дека станува збор за неуспешен обид да се предизвика експлозија.

Отпечатоците од прсти укажале на две лица, Инес Мадани и Орнела Жилигман, кои го паркирале возилото откако видео во кое преземаат одговорност за нападот испратиле до Рашид Касим, француски член на Исламска држава.

Мадани, која се претставувала како машки џихадист, е осудена на 30 години затвор, додека Жилигман, инаку мажена жена и мајка на три деца, е осудена на 25 години.

Треба да знаете
Последни објави