Search

Големиот војвода на Луксембург, Жан умре на 98 години

Луксембуршкиот Голем војвода Жан, кој беше одговорен за трансформацијата на Големото Војводство во меѓународен финансиски центар пред да се откаже од функцијата и да му ја предаде на својот син, умре на 98-годишна возраст.

Роден е на 5 јануари 1921 година, а за време на Втората светска војна со семејството пребегал во САД и Канада.

Жан се вратил во Европа во 1942 година за да добие воена обука во Сандхерст во Британија. Кратко служел како стражар во Бакингамската палата, а во 1944 година се приклучил кон сојузничките сили во Нормандија.

Тој стана шестиот Голем Војводата на земјата, откако неговата мајка Шарлот абдицира во 1964 година.

За време на неговите 36 години како шеф на државата, неговата земја од половина милион жители се претвори во меѓународен финансиски центар. Тој се повлече како Голем војвода во 2000 година, префрлајќи му ги речиси сите свои одговорности на својот најстар син Хенри.

Луксембург е уставна монархија во која Големиот Војвода ја има извршната власт и законите стапуваат на сила само со негов потпис.

Треба да знаете
Последни објави