Search

Голема хуманитарна забава во организација на Општина Ѓорче

Голема хуманитарна забава во организација на Општина Ѓорче

Во прилог Ви го пренесуваме информацијата интегрално

Ве информирам дека утрешниот 14 ноември-Денот на ослободување на Ѓорче Петров, општината ќе го одбележи со серија настани под мотото “Скопје слободно-Ѓорче гори”.

Во текот на целиот ден, предвидени се серија активности, од кои дел од нив со спортски и хуманитарен карактер.

Имено, во 11 часот во реонскиот парк во Ѓорче Петров предвидено е оддавање почит на споменикот на нашиот херој, со положување цвеќе од страна на делегации. Во 12 часот, пак, во Домот на култура ги вклучуваме најмладите во празникот на општината. Организирани се детски фестивал-Соната и литературно читање.

Попладнето, односно од 18 часот во спортската сала “Христо Батанџиев” во ООУ “Тихомир Милошевски” во Ѓорче Петров ќе биде одигран натпревар во мал фудбал-општинска администрација и членови на Совет против вработени во полициската станица-Ѓорче Петров.

Вечерта пак, со почеток од 20 часот во Домот на култура,  втора година по ред, организирана е хуманитарна забава со слободен влез на која ќе биде поставена кутија за донации. Собраните средства ќе бидат наменети за лекување на малата Христина Митревска од Ѓорче Петров која боледува од ретка генетска болест-хронична атипична неутрофилна дерматоза и потребна и е наша помош. За добрата атмосфера, задолжен е диџеј Бабура јуниор.

Ги повикуваме сите граѓани на овој значаен ден да бидат хумани и повторно да покажеме дека заеднички можеме да допринесеме за повеќе насмевки и среќни денови на нашата Христина.

Треба да знаете
Последни објави