Search

Голема полициска акција во Скопје, приведени повеќемина за оружје и дрога

Повеќе лица се уапсени во Скопје во обемна полициска акција за откривање на оружје и дрога. Припадници на полицијата од рано изутринава извршија претреси на 34 локации во главниот град, при што се приведени повеќе лица.

Како што дознаваме, претреси биле извршени во Ѓорче Петров, Грчец, Арачиново, Чаир, Бутел, Визбегово, Бардовци, Студеничани и во Центар. Полицијата барала повеќе лица инволвирани во различни кривични дела.

При претресите биле пронајдени дрога и нелегално оружје, дознава „Макфакс“.

Акцијата започнала пред 5 часот изутринава и траела до 15 часот.

Треба да знаете
Последни објави