Search

Голема наградна игра на Супер Кит-Го, Кит-Го и Тера Маркети, три автомобили во три извлекувања

Три автомобили Шкода Fabia, девет инвертер клима уреди, и по исто толку LED smart телевизори, лаптопи, таблети, велосипеди и 90 вредносни ваучери од 3.000 денари е вкупниот награден фонд на наградната игра „Во Супер КИТ-ГО, КИТ-ГО и ТЕРА сметки прави и Шкода Fabia ќари!” што започнува денеска. Наградната игра ќе трае до 25 август а во текот на одвивањето ќе има три циклуси за извлекување и наградување, секое со еднаков награден фонд.

„Ја организираме наградната игра со цел да им понудиме на нашите потрошувачи пријатни изненадувања и вредни награди. Годините наназад со потрошувачите создадовме цврсти релации базирани врз квалитетна услуга и оправдана доверба. Во духот на оваа взаемна лојалност е и наградната игра, и затоа е конципирана едноставно и лесно, за секој да учествува и да добие можност за некоја од бројните вредни награди”, велат од Кит-Го дооел Штип.

За учество во наградната игра потребно е да се соберат 3 купони и да се залепат на летокот што се добива на каса во некој од маркетите Супер КИТ-ГО, КИТ-ГО и ТЕРА. Еден купон се добива со секоја сметка над 500 денари направена во кој било од маркетите што се дел од наградната игра, а летокот пополнет со 3 купони и со личните податоци, се остава во означените кутии во некој од маркетите. Бројот на испратени летоци не е ограничен.

Наградните извлекувања ќе се одвиваат во три циклуси со еднаков фонд награди, првото извлекување е на 2 јуни (среда), второто извлекување е на 14 јули (среда) и трето, последно извлекување е на 25 август (среда) 2021 година. Извлекувањето ќе биде емитувано јавно на национална телевизија.

 

 

 

Треба да знаете
Последни објави