Search

Голдман Сакс: Јапонската економија ќе ги намали рекордните 25 проценти

Јапонската економија е на пат да ги намали рекордните 25 проценти во овој квартал и покрај владиниот пакет мерки објавен вчера за решавање на последиците од коронавирусот, кои влијаат на потрошувачката и на растот на компаниите. Ова е предвидено во извештајот на инвестициската банка Голдман Сакс (Goldman Sachs), објавен денеска.

Според експертите на инвестициската банка, извозот ќе падне за 60 проценти во периодот меѓу април и јуни.

Намалувањето на третата по големина светска економија би било најголемо, откако се води статистика за бруто домашниот производ (БДП) од 1955 година, се наведува во документот.

Треба да знаете
Последни објави