Search

Голден Стејт во конференциското финале, Бостон избори седми натпревар

Кошаркарите на Голден Стејт се пласираа во финалето на Западната конференција во разигрувањето за титулата во НБА лигата, откако синоќа пред своите гледачи го совладаа Мемфис со 110-96, додека Бостон се избори за седми натпревар со триумф на гостински терен над Милвоки (108-95).

Најзаслужни за шестото конференциско финале на Голден Стејт во синоќешниот триумф беа Клеј Томсон со 30 и Стеф Кари со 29 поени.

Противник на Голден Стејт во конференциското финале ќе биде победникот од серијата меѓу Феникс и Далас. Решавачкиот седми натпревар се игра в недела, а домаќин е Феникс.

Предност од домашен терен во седмиот натпревар, кој е на програмата в недела, ќе има и Бостон, кој предводен од Џејсон Тетјум (46 поени) израмни во серијата против Милвоки (3-3).

На Милвоки не му помогна ниту одличното издание на Јанис Антетокумпо, кој натпреварот го заврши со 44 поени и 20 скокови.

Треба да знаете
Последни објави